петок, 26 јуни 2026

Вучиќ: Почитувани граѓани, ова се Драгутин и Милутин (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ им ги претстави на јавноста роботите Милутин и Драгутин, кои ги опиша како „српски роботи“ облечени во национални носии и со шајкачи на главите. Како што кажа, роботите се програмирани да го танцуваат традиционалното оро Моравац, а во таа прилика ги покани граѓаните на собир на владејачкиот режим на 27 јуни пред Народното собрание во Белград.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ ги претстави роботите, речиси исти како оние што го пречекаа неодамна во Кина, како свои пријатели, тврдејќи дека играат оро „дури и подобро“ од него. „Драги граѓани, ова се Милутин и Драгутин, моите двајца пријатели. Нашите српски роботи. Сè е тука: носиите, шајкачите и Моравац, кое го играат подобро од мене“, кажа Вучиќ.

Потоа тој и самиот се обиде да танцува со нив и, демек, се пошегува на своја сметка: „Ништо не ми оди“.

Тешко е да се опише целото видео, па затоа е најдобро сами да го погледнете.

Претседателот на Србија, кој би сакал (повторно) да стане премиер за да продолжи да владее со Србија, под притисок од протестите и студентските иницијативи што започнаа по трагичното уривање на стреата во Нови Сад, најави дека на митингот закажан за 27 јуни во 18 часот ќе се појават и роботите.

Тој изјави дека целта на собирот е да се промовира единство, да се зачува традицијата и да се изгради „модерна Србија“.

„Особено ги поканувам младите луѓе затоа што вие сте тие што треба да ја водат земјата во иднина“, кажа тој, додавајќи дека е потребно да се зајакне единството и меѓусебното почитување, како и „почитувањето кон постарите лица“.

На крајот, тој нагласи: „Не смееме да ја делиме земјата. Нашата Србија мора да биде модерна земја, но и земја што ги чува своите традиции“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ