петок, 26 јуни 2026

Влен: ДУИ 24 години не изгради канализација во Зајас, се отвораат сомнежи за корупција и милионски штети

Движењето Влен обвини дека ДУИ во изминатите 24 години не успеала да изгради функционална канализација за жителите на Зајас, и покрај тоа што имала целосна политичка и институционална контрола.

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција, Фатон Фазлиу од Влен изјави дека наместо решавање на основните инфраструктурни проблеми, граѓаните денес се соочуваат со недовршен проект, отворени канали, септички јами и ризици по животната средина.

Од Влен наведуваат дека според објавени информации, Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава поради сомневања за злоупотреби при реализацијата на проектот за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Кичево.

Според нив, станува збор за штета од над 127 милиони денари и околу 9,47 милиони евра изгубени средства од ИПА програмата, кои, како што тврдат, сега ќе треба да бидат надоместени од буџетски средства.

Од Влен оценуваат дека проектот не пропаднал поради недостиг на финансии, туку поради, како што наведуваат, сомнителни деловни односи, недоволна институционална контрола и ангажирање на неодобрени подизведувачи.

Во реакцијата се наведува и дека во дел од проектот биле вклучени фирми поврзани со Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, што според Влен отвора дополнителни прашања за транспарентноста и начинот на реализација на проектот.

Влен бара надлежните институции, вклучително Јавното обвинителство и Финансиската полиција, да ја прошират истрагата и да утврдат евентуална политичка или семејна поврзаност во реализацијата на проектот, како и целосно да се објават сите ангажирани компании и подизведувачи.

Од таму порачаа дека граѓаните на Зајас заслужуваат функционална канализација и одговори за секој потрошен јавен и европски денар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ