Годишниот настан обично привлекува десетици илјади луѓе на градските улици. Организаторите денес објавија на социјалните мрежи „Парадата на гордоста“ е одложена.
Полицијата истата мерка ја наложи и за музичкиот фестивал „Солидејс“ како и за атлетскиот натпревар на стадионот Стад Шарлети.
Организаторите на „Солидејс“ исто така го откажаа настанот, објави француската телевизиска станица БФМ.
Организаторите на атлетскиот натпревар не одговориле веднаш на барањето за коментар, но во четвртокот изјавиле дека натпреварот ќе се одржи како што е планирано, со прилагодувања поради топлината.






