Младинците на првиот контролен натпревар беше подобра од Саудиска Арабија со убедливи 35-26.
Избраниците на селекторот Игор Илиевски одиграа квалитетен натпревар и уште на стартот од подготвителниот циклус покажаа дека се движат во вистинска насока пред настапот на континенталниот шампионат.
Контролните средби ќе послужат за дополнително воигрување на тимот и темпирање на формата, а првиот тест донесе позитивен резултат и охрабрувачка игра на македонските младинци.
Подготовките продолжуваат во наредниот период, со цел репрезентацијата во најдобро можно издание да го дочека почетокот на Европското првенство.






