петок, 26 јуни 2026

Неочекуван актерски тандем: Тарантино и Кајли Миног снимаат нов филм (ВИДЕО)

Иако Тарантино е познат по својата работа зад камерата, а Миног како поп-ѕвезда, двајцата ги здружуваат силите на сè уште неименуван проект на велшкиот режисер Џејми Адамс.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Режисерот Квентин Тарантино и музичарката Кајли Миног ќе глумат заедно во нов филм, објави Варајети.

Деталите за дејството засега не се познати, но Тарантино и Миног биле видени за време на снимањето во Велс. Меѓу сцените кои се снимале биле и оние поврзани со погреб и повторно обединување по него.

Во проектот ќе учествуваат и актерите Џулијан Луис Џонс, Крег Расел, Сиван Морис, како и Карен Паулада, која сподели неколку фотографии од снимањето на Инстаграм, иако Тарантино и Миног не беа меѓу нив.

Тарантино и Миног претходно соработуваа со Адамс на филмот „Само она што го носиме“, чија премиера неодамна беше на Филмскиот фестивал „Трибека“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ