петок, 26 јуни 2026

Левица поднесе кривична пријава против против заменик-директорот на Македонски шуми, Михаилов

Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, денеска поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста против заменик-директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од Левица, кривичната пријава произлегува од настаните пред неколку месеци, кога Михаилов објавил видео од обраќање на Станкоска во Советот на Град Скопје, по што следувале стотици коментари со закани, навреди и повици за физичко и сексуално насилство.
„Наместо јавно да ги осуди ваквите повици, функционерот поставен од ДПМНЕ ги одобруваше, ги поттикнуваше и активно придонесуваше кон создавање атмосфера на јавен линч. Не станува збор само за одговорноста на едно лице. Станува збор за тоа дали во Македонија функционерите на власта можат јавно да поттикнуваат насилство врз жени, без да сносат никакви последици. Не е тајна дека кривичните пријави поднесени од Левица многу често завршуваат во фиоките на обвинителството, особено кога се насочени против луѓе блиски до власта. Токму затоа нема да дозволиме и оваа пријава тивко да биде архивирана. ОЈО Скопје ќе мора јасно да покаже дали постапува според закон или според партиска припадност!“, велат од Левица.
Оттаму додаваат дека илјадници жени во Македонија немаат пристап до адвокати, медиуми и јавност.
„Со години пријавуваат семејно насилство, демнење, сексуално вознемирување и закани, а институциите премногу често реагираат дури откако насилството ќе ескалира. Некои жени никогаш не ја дочекуваат таа реакција. Ако државата го заштити Кире Михаилов, нема да заштити само еден човек. Ќе го заштити правото на секој политички именуван функционер да поттикнува физичко и сексуално насилство врз жена без да сноси никаква одговорност. Ако јавен функционер не се плаши јавно да поттикнува физичко и сексуално насилство врз жена политичар, тогаш што ѝ кажува државата на жената која нема функција, нема медиуми, нема адвокат и нема политичка партија зад себе? Со кое право институциите утре ќе ја повикаат да пријави насилство? Со кое право ќе ѝ ветуваат заштита, ако денес не се подготвени да гонат човек кој тоа го правеше јавно, под свое име и од позиција на власт?!“, прашуваат од Левица.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ