недела, 28 јуни 2026

Сериозно предупредување од Полска: Русите би можеле да нападнат преку „малите зелени луѓе“

Полскиот државен врв гледа сè поголем ризик од руски провокации на источното крило на НАТО, изјави шефот на надворешната разузнавачка служба на Полска, пренесува германската агенција ДПА.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Забележуваме како се развива ситуацијата во Украина и дека војната во моментов не оди добро за Русија. Ова е причина за загриженост дека Москва би можела дополнително да ја ескалира ситуацијата“, изјави полковник Павел Шота, шеф на полската служба за надворешно разузнавање, за полскиот весник „Жечпосполита“.

Тој рече дека ограничен напад врз балтичките земји би можел да се одвива во форма на таканаречените „мали зелени луѓе“, како што се нарекуваа руските сили без воени ознаки кои ја презедоа контролата врз полуостровот Крим во 2014 година.

„Русија систематски ги преминува црвените линии за да го испита одговорот на НАТО“, рече Шота. „Цената на ваквите провокации е ниска, додека Алијансата најчесто одговара со политички мерки, што поттикнува понатамошна ескалација“, додаде тој.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, исто така минатата недела предупреди дека Русија би можела да спроведе таканаречени операции под лажно знаме.

„Мораме да му пренесеме на (рускиот претседател Владимир) Путин дека знаеме што планира и дека нема да бидеме вовлечени, дека тоа би било целосно неприфатливо и дека ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО“, изјави Сикорски за американската телевизија Си-би-ес.

Путин и други официјални лица во Москва постојано повторуваат дека Русија нема намера да ги напаѓа членките на НАТО. Сепак, разузнавачките служби во неколку земји членки ја делат загриженоста за можна ескалација. Но, нивните проценки се разликуваат во однос на обемот и временската рамка на можните ескалации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ