недела, 28 јуни 2026

Уапсени двајца возачи, возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово

Вчера половина час претпладне, на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. од село Боговиње, затоа што со товарно моторно возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Еден час подоцна на истиот патен правец, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. од село Фалише, затоа што со товарно возило фолксваген со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење.

„Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ