Британецот Расел имаше перфектен старт и лесно ги одби нападите на двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, а притоа Хамилтон експресно го помина својот тимски партнер преземајќи го второто место.
Верстапен најмногу профитираше во воведните кругови, пробивајќи се до третото место иако стартуваше подолу, што го турна Леклер на четвртата позиција. За возачите на Кадилак настапот заврши неславно и прерано; Валтери Ботас имаше проблем со запалени сопирачки, а веднаш по него се повлече и Серхио Перез откако пријави чад во кокпитот.
Централниот дел од трката донесе безмилосна борба меѓу Хамилтон и Верстапен. Во 11-тиот круг Холанѓанецот изврши агресивен напад и изби на второто место, но Хамилтон експресно контрираше од надворешната страна и го принуди ривалот да излезе на чакалот, враќајќи си ја позицијата.
Овој контроверзен потег го стави Хамилтон под лупа на судиите. И покрај тоа, во 22-риот круг Верстапен повтори сличен маневар и овој пат без проблеми го остави Хамилтон зад себе, додека истовремено Антонели го надмина Леклер во битката за четвртото место.
Ново возбудување следеше во 25-тиот круг кога Карлос Саинц со својот Вилијамс мораше да застане, предизвикувајќи виртуелно безбедносно возило на патеката. Хамилтон ја искористи оваа ситуација за промена кон меки пневматици, потег на Ферари кој не ги донесе посакуваните резултати.
Ривалите од врвот нешто подоцна заминаа во боксот, а Верстапен веќе алармираше до тимот дека гумите му се целосно потрошени. По комплетирањето на сите пит-стопови, Расел без проблеми остана на челната позиција.
Во финишот, британскиот возач суверено ја чуваше дистанцата во однос на Верстапен и мирно помина низ целта за големо славје. Зад водечкиот двоец се одвиваше вистинска драма за втората позиција, но иако Антонели дојде на помалку од секунда негатива, не најде начин да го помине Верстапен.
Луис Хамилтон на крајот мораше да се помири со петтата позиција, завршувајќи веднаш зад возачот на Мекларен, Оскар Пијастри. Најмногу загуби Шарл Леклер, кој поради маките со пневматиците и дополнителниот пит-стоп се најде дури на осмото место, откако беше претекнат од Исак Хаџар и Ландо Норис.
Russell wins from Verstappen and Antonelli! 😮💨👏
These are your points finishers at the Red Bull Ring 👇#F1 #AustrianGP pic.twitter.com/oDoVi6bMQY
— Formula 1 (@F1) June 28, 2026
По австриското гран-при, челната позиција во генералниот поредок ја задржува Кими Антонели од Мерцедес со 171 бод, следен од победникот Расел со 131 и Хамилтон кој има 125 бодови.






