недела, 28 јуни 2026

Превентивни активности на СВР – Скопје за спречување на пожари

Секторот за внатрешни работи – Скопје денеска спроведе превентивни активности со цел спречување на пожари. Полициски службеници од Одделението за превенција, денеска реализираа превентивни активности во туристичкиот центар Кањон Матка и село Горна Матка, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. Доколку пак забележат пожар, тоа веднаш да го пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП Национални шуми“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ