недела, 28 јуни 2026

ЦУК: Три активни пожари, еден ставен под контрола, четири целосно изгаснати

До 14 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во Општина Дебар, кај селото Гари, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума, во Општина Куманово, во населбата Перо Чучо, каде е зафатена депонија и ниска вегетација, како и во Општина Пехчево, каде сè уште гори градската депонија.

Под контрола е пожарот во Општина Пласница, кај селото Дворци, кој зафатил депонија.

Во меѓувреме, надлежните служби успеале целосно да ги изгаснат пожарите кај селото Казан Дол во Општина Валандово, кај селото Инџиково во Општина Гази Баба, кај селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане и во близина на „Риал Компани“ во Општина Врапчиште, каде горела ниска вегетација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ