недела, 28 јуни 2026

Калас: ЕУ подготви пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денеска објави дека Европската Унија (ЕУ) подготвила пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела, како и помош во мапирањето на штетите.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Калас напиша на социјалната мрежа Икс дека разговарала со вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, и ѝ ја пренела „целосната солидарност на ЕУ со народот на Венецуела и нејзиното најдлабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубиле своите најблиски“.

Калас, исто така, го најави активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и додаде дека „неколку земји членки (на ЕУ) брзо распоредија екипи за пребарување и спасување, пожарникари и медицински персонал“.

„Сателитскиот систем Коперник на ЕУ ги поддржува службите за итни случаи така што помага во мапирањето на штетите и насочувањето на помошта таму каде што е најпотребна“, се додава во соопштението.

Калас заклучи дека „Европа е со Венецуела во овој момент на неволја“.

Во двата големи земјотреси во Венецуела оваа недела загинаа 1.430 лица, а повеќе од 68.000 се водат како исчезнати, според најновите официјални податоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ