недела, 28 јуни 2026

Грчката општина Касандра предупредува на македонски, нема веќе резервација на места со свои чадори

Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад.

Објавено на

часот

Сподели

Објаснија дека по истекот на наведениот рок, Општина Касандра може да пристапи кон отстранување и собирање на предметите, со цел повторно воспоставување на слободното користење на јавниот простор, без дополнително известување.

„Предметите што ќе бидат отстранети ќе се сметаат за напуштени на јавен простор и ќе се третираат како отпад, согласно важечкото законодавство и правилникот за чистота на Општината. Истите нема да се чуваат и нема да бидат вратени на нивните сопственици“, појаснија од општината во нивното известување на македонски јазик.

Минатата година, во текот на летната сезона, општина Касандра спроведе неколку најавени, но и ненајавени акции на различни локации на првиот крак на Халкидики за отстранувањето на нелегално поставените чадори, столици, лежалки и слична опрема на плажите со цел да се заштитат плажите и животната средина и да се обезбеди слободен пристап за сите.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ