сабота, 27 јуни 2026

Уапсен Турчин, со лажни зелени карти сакал да влезе во Македонија

Вчера рано наутро, на граничниот премин Деве Баир, на влез во Македонија, полициски службеници го лишија од слобода Х.Ј.Е. од Турција, кој управувал товарно возило рено со полуприколка, затоа што при извршена гранична контрола констатирано било дека на увид дал фалсификувани зелени карти.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил задржан во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, по што е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ