сабота, 27 јуни 2026

Хезболах: Договорот меѓу Израел и Либан е ништовен и понижувачки

Лидерот на Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека рамковниот договор меѓу Израел и Либан, потпишан во Вашингтон, е „ништовен“, „понижувачки“ и претставува откажување од суверенитетот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Касем оцени дека наместо рамковниот договор, треба да се спроведе Меморандумот за разбирање меѓу Иран и САД, пренесува Ројтерс.

Тој во соопштението наведе дека секој обид за поврзување на повлекувањето на Израел од јужен Либан со разоружувањето на таа организација претставува „црвена линија“.

Преговарачите од Израел, Либан и САД синоќа потпишаа трилатерален рамковен договор по петтата рунда дипломатски разговори во Вашингтон за ставање крај на израелско-либанскиот конфликт.

„Ова е почеток на почетокот. Имаме многу работа пред нас. Денес е направен првиот чекор. Првиот чекор понекогаш е најтежок“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио на церемонијата на потпишување, пренесе Ал Џезира.

Либан пред преговорите бараше целосно повлекување на израелските сили од либанската територија, додека за Израел клучен услов беше секое повлекување да биде условено со целосно разоружување на либанската милитантна група Хезболах и гаранции дека таа група нема повторно да воспостави воено присуство по должината на границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ