„Со заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција, Мехмет Кемал Бозај, разговаравме за унапредување на политичката, економската и трговската соработка. Се согласивме дека неодамна одржаниот бизнис форум и интензивниот политички дијалог отвораат нови можности за продлабочување на партнерството“, објави попладнево на социјалните мрежи министерот Муцунски.
На средбата со Мирослав Шчепановиќ, директор на RACVIAC, фокусот бил ставен на регионалната безбедносна соработка, зајакнувањето на довербата, отпорноста кон современите безбедносни закани и поддршката на евроатлантските интеграции.

„Со раководителот за политички прашања во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Олег Левитин, разменивме мислења за унапредување на соработката во поддршка на економскиот развој, инфраструктурните и енергетските проекти, како и реформските процеси поврзани со европската интеграција“, истакна министерот.
Во рамки на форумот, Муцунски се сретнал и со Marijana Petir, пратеничка во Хрватскиот парламент и поранешна европратеничка, со која разговарал за европската перспектива на државата, кредибилитетот на политиката на проширување и можностите за натамошно зајакнување на политичката соработка и регионалната стабилност.






