Нападот во Ормус беше пријавен од страна на Центарот за поморски трговски операции на британската војска, кој тврди дека екипажот е безбеден и дека нема еколошка штета.
UKMTO WARNING 076-26
Click here to view UKMTO Products⤵️https://t.co/alTxwBuCqv#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/wVnubqrMdp
— UKMTO Operations Centre (@UK_MTO) June 27, 2026
Никој не презеде одговорност за нападот, иако Иран изврши сличен во четвртокот, кој исто така го пријавија британските единици.
Министерството за надворешни работи на Бахреин денеска соопшти дека Иран лансирал неколку дронови во земјата и дека цел на нападот била американската морнарица.
Иранската револуционерна гарда утрово објави дека нападнала американски воени објекти како одговор на нападот на Вашингтон, кој се случи вчера поради иранскиот напад во четвртокот.
Заедничкиот поморски информативен центар, кој е под надзор на американската морнарица, денес по развојот на настаните објави дека ја проширува рутата низ Ормускиот теснец во близина на брегот на Оман за да се обезбеди бродовите да продолжат да минуваат непречено.
Соопштението од службата доаѓа како предупредување до Иран дека САД инсистираат на итно отворање на Ормус, додека Техеран бара бродовите да се придржуваат до правилата за ограничено движење, што земјите од Заливот го отфрлаат.






