сабота, 27 јуни 2026

Иранската револуционерна гарда тврди дека нападнала американски воени објекти како одговор на новиот напад

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека нападнала американски воени позиции во регионот како одговор на новиот напад на Вашингтон врз Иран.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Локалните медиуми објавија дека Иранската револуционерна гарда најавила „брз и решителен“ одговор на синоќешниот американски напад, пренесува Ројтерс.

Соопштението подоцна беше избришано.

Револуционерната гарда не соопшти детали за целите на нападот или неговиот исход.

САД го нападнаа Иран синоќа како одговор на нападот со беспилотни летала врз товарен брод во Ормускиот теснец.

Британската војска во четвртокот соопшти дека товарен брод бил погоден од ракета во близина на брегот на Оман, неколку часа откако Иран им се закани на бродовите да престанат да ја користат таа рута.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека нападот со беспилотни летала го прекршил примирјето, потоа рече дека ќе „дознае“ дали Вашингтон ќе возврати, по што следеше американскиот напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ