Норвешка на денешниот меч настапи со втор тим, селекторот одлучи да ги одмори најдобрите, па Франција немаше многу тешка задача да дојде до трите бода.
Шоу во првото полувреме имаше Дембеле кој погоди во 7., 20, и 32. минута, убав погодок за Норвешка даде Асгард во 21. минута.
Норвежаните можеа да го направат натпреварот поинтересен, но Ларсен во 50. минута промаши пенал.
Конечните 4-1 за Норвешка ги постави Десери Дуе во 94. минута.
Сенегал со 5-0 го совлада Ирак, но уште не е сигурен за место во нокаут фазата, ќе треба да почека до крај за да види дали ќе биде една од осумте најдобри третопласирани.
Диара даде еден гол, Сар постигна еден, Гаје реализираше двапати, е победата ја запечати Ндиаје.






