Како што информираат организаторите, и ова издание на маратонот ќе понуди повеќе дисциплини и можности за учество – маратон, полумаратон, трка на 5 километри „Комерцијална банка“, штафетен маратон „ЕУ за спорт“, тим билдинг трка за компании, како и традиционалниот детски мини маратон.
Настанот и годинава се очекува да привлече илјадници професионални атлети, рекреативци, спортски клубови, компании и љубители на трчањето од земјава и странство.
Организаторите апелираат заинтересираните да не чекаат до последен момент, туку навреме да ја обезбедат својата регистрација и да започнат со подготовките.
Годинашната порака „#ТрчањетоЌеТеПромени“ ја нагласува суштината на маратонот – трчањето како начин на живот што инспирира, мотивира и ги поместува личните граници.
Секој изминат километар, велат организаторите, претставува победа над сопствените ограничувања и дел од заедништво кое ги слави истрајноста и здравите животни навики.






