сабота, 27 јуни 2026

Во земјотресите во Венецуела загинаа најмалку 920 лица (ВИДЕО)

Во два големи земјотреси во Венецуела загинаа 920 лица, а 3.360 се повредени, додека околу 172 сè уште се заробени под урнатините, соопшти Владата во новиот биланс. Повеќе од 50.000 лица се водат како исчезнати, пребарувањето по нив влегува во третиот ден, пренесува агенцијата Ројтерс.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во Каракас и Маракај вчера се почувствува уште еден земјотрес со јачина од 4,9 степени.

Во извештајот на Обединетите нации (ОН) е проценета директната штета на околу 6,7 милијарди долари.

Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, и други официјални лица им советуваа на граѓаните да се држат подалеку од Ла Гваира, подрачјето најтешко погодено од земјотресите, бидејќи блокираните патишта ги попречуваат спасувачките операции.

Службените лица објавија дека патиштата ќе бидат затворени за дополнителни интервенции.

Помош за Венецуела доаѓа од неколку земји, при што Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека издвојуваат 150 милиони долари и ги ублажуваат санкциите врз земјата, додека американската војска испрати два брода и објави дека хеликоптери и авиони ќе ги поддржат спасувачките напори.

Агенцијата на ОН за миграција соопшти дека околу седум милиони луѓе би можеле да бидат погодени од земјотресите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ