Бранителот на светскиот трон, Аргентина, за противник ја доби репрезентацијата на Зеленортските Острови, која претставува најпријатно изненадување и вистинска сензација на овој турнир.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина по дуелот со Канада во групната фаза, сега во шеснаесетинафиналето ќе ги одмери силите со уште еден од домаќините, селекцијата на САД.
Особено привлечен се очекува да биде дуелот помеѓу Холандија и Мароко. Во меѓувреме, Бразил ќе се соочи со Јапонија, додека Норвешка ќе разигрува против Брегот на Слоновата Коска.
Главните фаворити за пехарот, Французите, налетаа на Шведска, Германија ќе води битка со Парагвај, а селекцијата на Канада ќе се сретне со Јужна Африка.

Преостанатите седум парови кои ќе играат во нокаут фазата ќе бидат дефинитивно формирани по одигрувањето на денешните шест натпревари.






