сабота, 27 јуни 2026

Во Белчишта почнува 41. Интернационална уметничка колонија „Дебрца“

Во селото Белчишта, општина Дебрца, вечер ќе почне 41. издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, една од најзначајните ликовни манифестации во регионот.

Објавено на

часот

Сподели

Учествуваат 10 ликовни уметници  од земјата и светот, мегу кои како почесен гостин, е и светски афирмираниот, академскиот ликовен уметник Јордан Манасиески, редовен учесник на колонијата од самите нејзини почетоци.

Учествуваат и Сузана Ардо од Лондон, Наталија Студенкова – Словачка, Дуња Корломановиќ – Србија, Лидија Вујишиќ – Скопје, Славица Танеска – Охрид, Михаил Клечкароски – Струга, Филип Јовески – Прилеп, Вангел Крстиноски – Ресен, Михаил Велјаноски – Охрид, Мелани Тасеска – Охрид.

Во изминативе 4 децении, збирката на галеријата на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца”, именувана како „Ѓорѓија Целески”, во чест на основоположникот на колонијата, ја надмина бројката од 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија, почнувајќи од академик Димче Коцо, како и десетици познати ликовни дејци од светот.

Темата на овогодишното издание на колонијата, кое се одржува во Белчишта, седиштето на руралната општина Дебрца, е „Од камен до код – ехо на земјата, глас на иднината“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ