сабота, 27 јуни 2026

Mинистерство за транспорт: Ќе се урива дивоградба во Охрид

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно отстранување на бесправен објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека не е постапено по претходно донесеното решение за негово уривање, соопшти Министерството за транспорт.

Објавено на

часот

Сподели

„По информации добиени од јавноста, државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам излезе на терен и направи вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП -15972, КО Охрид 3, во Старото градско јадро во Охрид. При инспекцискиот надзор утвредено е дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено“, се наведува во соопштението.

Од Министерството за транспорт информираат дека, согласно наодот на државниот инспектор, ќе биде донесен налог за присилно административно отстранување на објектот, во согласност со позитивните законски прописи.

Во соопштението се вели дека Законот за градење важи подеднакво за сите и нема да има селективна примена и дека нема да се дозволи узурпација на јавното добро и дивеење со бесправна градба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ