сабота, 27 јуни 2026
Време

Сончево и топло со температури до 38 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ