По двете нерешни средби во првите две кола, Белгија конечно дојде до триумф, Белгијците ја наполнија мрежата на Нов Зеланд.
Тросар даде два гола, по еднаш погодија Де Брујне, Лукаку и Салемакерс. Погодокот за Нов Зеланд беше дело на Џаст.
Во вториот меч Египет и Иран одиграа 1-1. Двата гола беа постигнати за помалку од 15 минути игра.
Сабер во 5. минута донесе водство за Египет, Резаен израмни на 1-1 во 14. минута. Три минути претходно Тареми промаши пенал.
Белгија е прва со пет бода, исто толку има и второпласираниот Египет, а Иран со три бода исто така ќе оди во нокаут фазата.






