сабота, 27 јуни 2026

Лажна универзитетска професорка извлекла 3.400 евра од тетовец

Вчера претпладне во СВР Тетово, 67-годишен маж пријавил дека бил измамен од жена од село Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка.

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3.400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ