Неговата асистенција против Барселона се најде меѓу најатрактивните во сезоната 2025/26 од Лигата на шампионите. ЕХФ го рангираше потегот на Митревски на третото место во изборот за најдобри асистенции. Голманот на Еурофарм Пелистер со прецизно додавање преку целиот терен го пронајде Дејан Манасков, кој ефектно реализираше на мечот во Битола.
Акцијата на македонските репрезентативци веќе беше наградена и претходно, бидејќи погодокот на Манасков беше прогласен за најубав во сезоната во елитното европско натпреварување.
На врвот на листата се најде Емерик Мине од Нант, додека второто место му припадна на Недим Ремили. Во изборот на ЕХФ место добија и Лазар Кукиќ, Домен Макуц, Лук Стеинс, Симон Јепсон, Дика Мем, Јулиен Бос и Тобиас Грондал.






