недела, 28 јуни 2026

Шпанско крило се повреди и веројатно го заврши Светското првенство

Шпанија ја заврши групната фаза како првопласирана во групата Х се пласира во шеснаестинафиналето на Светското првенство, но триумфот од 1-0 против Уругвај донесе и сериозни грижи

Објавено на

часот

Сподели

Во самиот финиш од натпреварот се повреди Жереми Пино, кој по незгоден пад остана да лежи на тревникот со силни болки во пределот на клучната коска. Бидејќи селекторот Луис де ла Фуенте веќе ги имаше направено сите пет измени, крилниот напаѓач беше принуден да го доигра натпреварот. По средбата, шпанскиот селектор откри дека постои сомнеж за скршеница.

Можеби станува збор за скршеница на клучната коска. Многу страдаше, а утре ќе ги направи потребните прегледи. Направи херојски потег што остана на теренот до крајот“, изјави Де ла Фуенте.

Доколку лекарските прегледи ги потврдат првичните стравувања, Пино ќе го пропушти остатокот од Мундијалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ