Лео Меси и Кристијано Роналдо се на залезот од кариерете, веројатно ова ќе им биде последното Светско првенство, па љубителите на фудбалот сакаат да видат како тие за прв пат во историјата имаат дуел на најголемиот фудбалски настан.
За тоа сега да се случи во САД, ќе треба да гледаме финале помеѓу Аргентина и Португалија.
Постоеше можност двете најголеми имиња да имаат директен дуел во осминафинале, но Португалија утрово одигра само 0-0 против Колумбија, остана втора во групата К, и отиде на другата страна од ждребот.
Прв противник во нок-аут фазата ќе им бидат Лука Модриќ и Хрватска, а потенцијалното осминафинале е против Ламин Јамал и Шпанија. Во овој дел од ждребот има уште неколку звучни имиња, како потенцијално четвртфинале е пресметка со Белгија, и потенцијално полуфинале со некого од Германија, Франција или Холандија.
Што се однесува до Аргентина, „гаучосите“ на хартија имаат лесни противници, играат против Зеленортски Острови во 1/16 финале, па со подобриот од Австралија и Египет во осминафинале, и веројатно Колумбија во четвртфинале, за првиот посериозен тест да биде во полуфинале со некој од Бразил или Англија.






