Македонскиот шампион претходно забележа неколку високи победи против аматерски екипи, но денешниот дуел против Ла Фиорита, тим со кој се сретна и минатото лето во квалификациите за Конференциската лига, заврши без победник.
Позитивна вест за „црвено-црните“ е што стрелец беше Герсон Родригез, кој неодамна доби црвен картон на интерен тренинг натпревар меѓу две екипи на Вардар.
Во меѓувреме, Купс без поголеми проблеми го совлада Хелсинки во дербито на финското првенство (4-0). Лидерот на табелата дури три од четирите погодоци ги постигна во второто полувреме и остана израмнет по бројот на бодови со Интер Турку на врвот на првенството.
Првиот натпревар меѓу Вардар и Купс е закажан за 7 јули во Скопје, а реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Финска.






