Вчера попладне 35-годишна штипјанка пријавила дека еден ден претходно, околу 15 часот, во дворот на нејзиниот дом била физички нападната од маж и неговата сопруга. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Еден час подоцна, во полициската станица во Струмица, 35-годишен жител на селото Нова Маала пријавил дека тој и неговиот брат биле физички нападнати во дворот на семејната куќа од нивен соселанец и неговите двајца синови.
Вечерта пак, во Радовиш дошло до физичка пресметка на улицата „Калузлиска“ меѓу две групи граѓани.
Во исто време во Струмица, 30-годишна жена пријавила дека пред нејзиниот дом била нападната со остар предмет од друга жена, по претходна расправија меѓу нивните деца.
Во Гевгелија, пак, 46-годишен маж пријавил дека околу 22 часот неговиот малолетен син, кој бил во друштво на другари, бил физички нападнат од едно лице на улицата „Сава Михајлов“.
Четири часа подоцна на градскиот стадион во Штип, полициски службеници привеле 26-годишен скопјанец, кој физички нападнал полициски службеник.
Од МВР велат дека по целосното документирање на случаите ќе биде поднесени соодветени поднесоци против напаѓачите.






