недела, 28 јуни 2026

Денеска се одбележуваат 78 години од прогонството на децата бегалци од Егејска Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон и соорганизација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје денеска пред Споменикот на децата бегалци во Паркот „Жена – борец“ ќе се одржи традиционалното одбележување на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78-годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година, информираат од органзацијата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е најавено, обраќање ќе има претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон, Александар Јаневски.

Подоцна, во 12 часот во големата сала на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, до МПЦ „Света Лидија“ во изградба, Гази Баба, во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје, ќе се одржи Академија посветена на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 и 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ