Во Скопје, утринската температура ќе биде близу 20-тиот степен, а дневната до 38 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Се очекува сончево и екстремно топло време, со температури до 40 степени и тропски ноќи во повеќе региони. За време на топлотниот бран, УВ-индексот ќе достигне вредност 9, што се смета за многу високо ниво на сончево зрачење. Поради тоа, се препорачува граѓаните, особено повозрасните лица, хронично болните и децата, да избегнуваат престој на директно сонце во периодот од 10 до 17 часот. Надлежните советуваат и редовно внесување течности, лесна облека и престој во разладени простории за полесно справување со високите температури.
Мал пад на дневната температура се очекува од среда за кога се најавува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.