Сучиќ во 31. минута го отвори резултатот, донесе водство за Хрватска од 1-0.
Тој резултат беше актуелен се до 73. минута кога Лакасен израмни на 1-1.
Десет минути подоцна Влашиќ по асистенција од Модриќ ја донесе победата за Хрватите.
Англија со 2-0 ја совлада Панама и го завери првото место. Двата гола беа постигнати во второто полувреме.
Белингем во 62. минута даде гол за 1-0, а пет минути подоцна тој асистираше до Кејн за конечни 2-0.
Англија го освои првото место со седум бода, втора е Хрватска со шест, Гана собра четири и како една од најдобро третопласираните оди понатаму. Панама заврши на последното место без бодови.






