недела, 28 јуни 2026

Николоски: Со автопатот Прилеп – Битола патувањето до Атина се скратува за повеќе од три часа (ВИДЕО)

Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата фејсбук-страница.

Објавено на

часот

Сподели

„На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој“, додава Николоски.

Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 – 3,5 часа. Тоа значи, се нагласува во објавата, многу повеќе бизнис и туристи за цел регион.

„Ова е најдолгата поединечна делница – автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е веќе следната година, сообраќајот да се одвива по една коловозна лента. Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија. Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија и затоа инвестираме во модерна инфраструктура, што ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации. Ја градиме Македонија“, се додава во објавата на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ