недела, 28 јуни 2026

Два пожари за помалку од 24 часа во Скопје, изгореа ниви, гаража и џип

Во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје се регистрирани два пожара, во кои е причинета материјална штета, но нема повредени лица.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Првиот пожар избувнал на вчера попладне во селото Ново Село, скопско. Во СВР Скопје било пријавено дека огнот зафатил ниви со земјоделски култури, како и помошна просторија во која имало домашни животни. На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Според полицијата, во настанот нема повредени лица.

Денеска пак, рано наутро околу четири часот, исто така во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар избувнал пожар во патничко возило ренџ ровер со скопски регистарски ознаки, сопственост на 54-годишен скопјанец.

И овој пожар бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, при што нема повредени.

„Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ