недела, 28 јуни 2026

Се урна мал авион во Франција, 11 загинати (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа при пад на цивилен авион кој денеска се урнал во градот Томблен во близина на аеродромот Нанси-Есеј на североистокот на Франција.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на огранокот на Редот на медицински сестри во Мерт и Мозел, Тиери Пеши, изјави дека „се чини дека медицински сестри се меѓу загинатите“.

„Се чини дека денес имало церемонија за воведување на нови членови“, рече тој, додавајќи дека „околу половина од жртвите биле медицински сестри, а половина биле инструктори“.

Според информациите на локалната телевизија БФМ, во несреќата загинале пилот и десет падобранци.

Локалната полиција упати апел до граѓаните да ја избегнуваат областа околу аеродромот во департманот Мерт и Мозел за да им се овозможи непречено работење на итните служби.

Според последните информации што ги објавија француските медиуми, меѓу загинатите имало медицински сестри кои требало да изведат скок со падобран, како и инструкторите за падобранство кои биле со нив.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ