вторник, 30 јуни 2026

Професорка од Универзитетот во Штип „падна“ за поткуп од 300 евра побаран од студент за испит

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026, К.Б., на возраст од 26 години од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит што дополнително требало да го полага вчера.

Преземени биле мерки во координација со Основното јавно обвинителство – Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра. Како што информираа од МВР, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите.

„Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ