вторник, 30 јуни 2026

Мароко ја исфрли Холандија од Мундијалот (ВИДЕО)

Мароко даде гол во судиското продолжение од натпреварот за израмнување на 1-1, а потоа на пенали ја победи Холандија и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мундијалот заврши за уште една европска репрезентација, Холандија беше на неколку минути до осминафинале, но не стигна таму.

Резултатот беше отворен во 72. минута кога Коди Гакпо реализираше за водство на Холандија од 1-0.

Лалињата го чуваа водството и го чекаа последниот судиски свиреж, но пред него, во 91. минута Диоп даде гол и израмни на 1-1.

Следуваа продолженија во кои немаше голови, па пеналите го одлучуваа победникот.

Во пенал серијата Холандија не реализираше дури три пенали, промашија Клајверт и Тимбер, а Боно му го одбрани ударот на Самервил. Мароканците не реализираа двапати, Ел Ајнауи и Хакими не погодија од белата точка, но одат понатаму.

Мароко во осминафиналето ќе игра против Канада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ