понеделник, 29 јуни 2026

Заборавена коска стоела 40 години во фиока, се покажа дека припаѓа на диносаурус

Првата позната коска од диносаурус пронајдена на Антарктикот е идентификувана дури 40 години подоцна, откако била складирана во фиока, соопштија денеска палеонтолозите од Британскиот антарктички институт.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Фосилот бил ископан во 1985 година на островот Џејмс Рос, но во тоа време не бил препознаен и бил сместен во геолошката колекција во Кембриџ, каде што останал неистражен со децении.

Неодамнешната анализа утврди дека станува збор за пршлен од опашката на диносаурус од групата титаносауруси – тревопасни диносауруси со долг врат кои се меѓу најголемите копнени животни што некогаш постоеле.

Експертите велат дека фосилот веројатно припаѓал на помала единка, долга околу седум метри, или младенче, додека најголемите титаносауруси достигнувале должина поголема од 35 метри.

Истражувачите велат дека откритието е значајно за разбирање на животот на диносаурусите на Антарктикот за време на доцниот креден период, пред околу 82 милиони години, кога континентот бил многу потопол и покриен со шуми.

Фосилот бил повторно откриен за време на преглед на музејската колекција, кога научниците ја сфатиле неговата важност и потврдиле дека станува збор за првиот диносаурус пронајден на тој континент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ