понеделник, 29 јуни 2026

Во сообраќајна контрола во Битола изречени 58 казни на несовесни возачи

Во акциска контрола спроведена вчера од 17 до 23 часот на подрачјето на Битола, мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување изрекоа вкупно 58 санкции за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела, информираше МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Контролата, како што соопшти МВР, била насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Од вкупниот број санкции, шест се изречени на возачи на електрични тротинети, 25 на возачи кои управувале мотоцикл без заштитен шлем, една за истечена полиса за осигурување, три за управување со несоодветна категорија на возачка дозвола, додека 18 мерки се однесуваат на други сообраќајни прекршоци.

При акциската контрола одземено е едно моторно возило за предизвикување на бучавост по член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полициските службеници откриле и четири кривични дела, при што биле лишени од слобода четири лица поради сомнение дека сториле кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – управување мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола. Против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека акциските сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ