понеделник, 29 јуни 2026

Ѓорческа: Анисимова е комплетна тенисерка, моја цел е да го одиграм моето

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа утре има настап на Вимблдон, тоа ќе биде историски меч за неа и за Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Лина игра против Аманда Анисимова од САД која е ланска финалистка на Вимблдон и шеста тенисерка на ВТА листата. Ѓорческа е свесна за силината на нејзината противничка, вели дека нејзина цел е само да го даде најдоброто од себе.

„Квалификациите минаа одлично. Отсекогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200-те најдобри на светот во еден од најмасовните спортови и затоа нема лесен меч. Сепак би го издвоила вториот меч (против Франциска Жорге). Последниот меч го одиграв одлично, загубив три гема и навистина сум среќна и пред сè со тоа како се носев за време на мечот. За мојата противничка нема што многу да се каже, квалитетна и комплетна тенисерка, мојата единствена цел е да го одиграм своето. Мечот ќе се игра во вторник (утре). Знаете таа е ланска финалистка и шеста носителка и затоа мечот е на еден од „главните терени“. Се надевам дека ќе биде интересен меч и гледајте и навивајте од дома“, рече Лина Ѓорческа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ