Од забраната се исклучени припадници на надлежните институции, шумарските служби, како и лицата кои ќе поседуваат писмено одобрение издадено од надлежните подружници на ЈП „Национални шуми“. За спроведување на мерката задолжено е јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Министерството за внатрешни работи.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство појаснуваат дека забраната не се однесува автоматски на парк-шумите, како Водно, ниту на националните паркови, за кои важат посебни правила. Граѓаните се повикуваат да се информираат кај надлежните управувачи пред да планираат движење во овие подрачја.






