„Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Пет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а еден возел со активна забрана за управување на патничко возило. По едно лице во Скопје – малолетник, Гостивар – малолетник, Куманово, Кавадарци и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, едно лице на граничниот премин ‘Деве Баир’ управувало патничко возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопштија од МВР.
Оттаму апелираа да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.






