„Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила. Ова нема да биде запуштено место оставено на забот на времето. Ова повторно ќе биде место за прошетка, за фотографија, за убавина, за гордост. Место што ќе го разубавува плоштадот и ќе го претставува Скопје онака како што заслужува – достоинствено, модерно и препознатливо“, нагласи градоначалникот.
Тој информираше дека во моментов се изведуваат градежните активности и најави оти за само неколку дена, подната фонтана повторно ќе заживее.
„Во изминатиот период ги вративме во функција и Лотосов цвет, со децении заборавена фонтана, Воин на коњ, Филип II Македонски, Олимпија, Паднати борци, плоштадот ВМРО, а повторно засвети и Вечниот оган. Ги враќаме симболите на градот. Го враќаме сјајот на Скопје. Го враќаме она што со години беше оставено и заборавено. Скопје живее. И Скопје мора да биде такво – убаво, достоинствено, гордо и наше. Скопје какво што го заслужуваме“, пишува во објавата на Фејсбук.






