понеделник, 29 јуни 2026

Во Шпанија уапсен еден од најбараните италијански мафијаши (ВИДЕО)

Шпанската полиција уапсила маж за кој верува дека е мафијашки шеф во италијанската криминална организација Ендрангета со седиште во Калабрија, соопштија властите. Италијанските обвинители во Калабрија го идентификуваа како Доменико Павиљанити, познат и како „Дон Мико“, по кого беше издадена европска потерница во 2022 година.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот е приведен во Сорија, околу 200 километри североисточно од Мадрид, објави шпанската полиција. Апсењето се случило по повеќемесечна заедничка истрага на шпанските и италијанските власти, наведе полицијата.

Пављанити е обвинет во Италија за бројни кривични дела, вклучувајќи насилни злосторства, трговија со дрога и перење пари, соопшти шпанската полиција. Тој се соочува со затворска казна од 19 години, пишува германската агенција ДПА.

На видео објавено од шпанската полиција на платформата за социјалната мрежа Икс се гледа како го водат со лисици без тој да се спротивставува. Се очекува постапката за екстрадиција во Италија да почне во наредните денови за да може да ја отслужи казната таму, објави калабриското обвинителство.

Шпанските медиуми објавија дека 65-годишникот е еден од најбараните италијански бегалци и дека бил апсен неколку пати во Шпанија.

Тој бил приведен за прв пат во 1996 година и екстрадиран во Италија во 1999 година, и поминал околу 20 години во затвор пред да биде ослободен поради грешка во пресметувањето на должината на казната, пишуваат Ел мундо и Ел паис. Тој бил повторно уапсен во Мадрид во 2021 година, но подоцна бил ослободен откако му истекла казната.

Според весникот Ел мундо, тој водел мирен живот во Сорија, град со околу 40.000 жители, под заштита на телохранители. Ендрангета се смета за една од најмоќните мафијашки организации во светот и беше во центарот на крвавиот клански конфликт во 1980-тите и почетокот на 1990-тите, во кој загинаа околу 700 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ