понеделник, 29 јуни 2026

Поранешниот шеф на НАТО: САД и понатаму поприлично зависат од европските сојузници

Соединетите Американски Држави сè уште во голема мера зависат од своите сојузници во Европа, без оглед на реториката на Вашингтон, тврди поранешниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг. И покрај постојаните критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО алијансата, одбраната на Соединетите Американски Држави започнува на границата меѓу Европа и Русија, оцени Столтенберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На рускиот полуостров Кола, директно наспроти границата со Норвешка, се наоѓа еден од најголемите нуклеарни арсенали во светот, кажа Столтенберг, кој сега е норвешки министер за финансии. „Тоа оружје не е насочено кон Осло – туку е насочено кон Вашингтон и Њујорк. Но, Норвешка помага во следењето на руските подморници кога ги напуштаат своите бази“.

Тој додаде дека Норвешка, исто така, придонесува со обезбедување рани предупредувања за лансирање ракети и полетувања на авиони. „Слична е ситуацијата во Финска и во многу други европски земји. Тоа е од клучно значење за безбедноста на Соединетите Американски Држави“, смета тој.

Столтенберг призна дека постојат разлики во ставовите меѓу САД и Европа во врска со трговијата, климатските промени и безбедносните прашања. Според Столтенберг, најважното нешто што Европа може да го направи за да го зачува НАТО е да инвестира повеќе во одбраната. „И токму тоа го правиме. Германија сега е на добар пат да стане најголемиот инвеститор во одбраната во Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ