понеделник, 29 јуни 2026

Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Кина, 13 лица повредени (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица се полесно повредени во земјотрес со јачина од 5,5 степени што го погоди Сечуан во југозападна Кина. Властите евакуираа 196 жители.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Тринаесет лица беа полесно повредени во земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтер што го погоди округот Гаошан во градот Јибин во југозападната кинеска покраина Сечуан, соопштија денеска локалните власти.

Повредените се згрижени во болници, додека 196 жители се евакуирани и привремено преместени, пренесува Синхуа. Земјотресот се случил 12 минути по полноќ, а епицентарот бил на длабочина од околу шест километри, соопшти Кинескиот центар за мрежа на земјотреси.

Локалниот штаб за вонредни ситуации соопшти дека се организирани и дека се во тек операции за спасување и санација. Кинеската администрација за земјотреси започна итна реакција од трето ниво по земјотресот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ