понеделник, 29 јуни 2026

Дали Ријад Марез потврди „местенка“ на Мундијалот?

Ријад Марез се огласи по контроверзниот натпревар меѓу Алжир и Австрија, кој заврши 3-3 и на двете репрезентации им донесе место во шеснаестинафиналето на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Најмногу реакции предизвика израмнувачкиот гол на Австрија во 96. минута, по кој алжирската одбрана беше обвинета дека реагирала премногу пасивно.

Ја раширивме играта, а тие се повлекуваа. Но во последен момент некој ми ја протна топката низ средината. Морав да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека е малку срамно, но така е. Топката дојде пред голманот и морав да шутирам, морав да се обидам да постигнам гол. Знам дека беше срамно, но таков е фудбалот. Морам да го почитувам. Добро е за нив што на крајот постигнаа гол и продолжија понатаму. Двете репрезентации се пласираа понатаму и тоа е најважно“, изјави Марез.

Натпреварот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а јавноста и понатаму дебатира за случувањата во драматичната завршница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ